Телефон со Android: Системски поставки

Контролирајте ги главните поставки на вашиот телефон, како што се времето, датумот, јазикот и звукот.

Научете како да поставите препотчитан јазик, датум и време на телефонот, како да ја приспособувате јачината на звукот на мелодиите на ѕвонење и како да поставите мелодија на ѕвонење и звук на известување на телефонот.

Пред да почнете

Поставки на телефонот

Паметниот телефон со Android што се употребува во презентациите во овој курс можеби не е ист со телефонот што го имате, но менијата и чекорите би требало да бидат слични.

Пред да почнете, проверете дека имате:

  • телефон со Android
  • најнова верзија на оперативниот систем на телефонот.

Каде можете да ги најдете поставките на вашиот телефон

Во овој курс сите поставки се наоѓаат во апликацијата Поставки (Settings app). Апликацијата Поставки често стандардно се наоѓа на Почетниот екран (Home screen) и изгледа како запченик (cog wheel). Ако запченикот не се наоѓа на Почетниот екран, поминете со прстот нагоре од долниот дел на екранот за да се прикаже екранот со Апликации (Apps screen) каде ќе видите мрежа со сите апликации.

Кај некои телефони, апликацијата Поставки може да се наоѓа во папка наречена Систем (System) или слично.

Како да ги измените поставките на звук

Отворете ја апликацијата Поставки (Settings app) и најдете ги опциите Звуци и вибрации (Sounds and vibration):

  • допрете на Јачина на звук (Volume) за да видите збир лизгачи (sliders)
  • зголемете ја јачината на звук со поместување на лизгачот десно (right) или намалете ја со поместување на лзигачот налево (left)
  • можете да го поставите секој тип на звук независно од другите
  • Мелодијата на ѕвонење (Ringtone) контролира колку гласно ѕвони вашиот телефон
  • Медиумите (Media) ја контролираат јачината на репродукција на музика и видеозаписи
  • Известувањата (Notifications) го контролираат звукот на текстуални пораки и други известувања
  • Системот (System) ја контролира јачината на останатите звуци што ги прави телефонот
  • изберете Назад (Back) за да го напуштите овој екран.

Како да изберете мелодија на ѕвонење и тон на текст

Во апликацијата Поставки (Settings app) допрете на Мелодија на ѕвонење (Ringtone) за да ги измените звуците што вашиот телефон ги прави кога добивате повик.

  • Се појавува список со Мелодиите на ѕвонење (ringtones) и можете да допрете на секоја поединечно за да ја слушнете
  • Кога ќе ја слушнете мелодијата на ѕвонење што ви се допаѓа, допрете на Назад (Back) за да ја поставите како Мелодија на ѕвонење (ringtone) на вашиот телефон
  • Допрете на Звук на известување (Notification Sound) за да го измените звукот што се емитува кога примате известување, на пример, текстуална порака или нова е-порака
  • Слушнете ги звуците така што ќе ги допрете, а потоа допрете на Назад (Back) за да го потврдите избраниот звук на известување.

Како да ги приспособите системските звуци

Можете да исклучите одредени звуци што телефонот ги емитува, како кога користите тастатура или бирате телефонски број. Од менито Звуци и вибрација (Sounds and Vibration) изберете Контрола на системски звук/вибрација (System sound/vibration control) за да почнете.

  • Отклучување на екранот за заклучување (Screen lock unlock): Исклучете го ова за да спречите телефонот да емитува звук кога го заклучувате и отклучувате
  • Тастатура (Keyboard): Исклучете го ова за да спречите тастатурата на телефонот да емитува звуци кога пишувате на неа
  • Можете повторно да ги вклучите одликите ако го допрете повторно копчето
  • Допрете на Назад (Back) за да го напуштите овој екран.

Како да поставите време и датум

На главниот екран на апликацијата Поставки (Settings app) најдете ја опцијата Општо управување (General Management). Во оваа секција Датум и време (Date and time) се наоѓа во горниот дел на екранот.

  • Автоматски датум и време (Automatic Date and Time): кога ова е вклучено (копчето е сино), тогаш вашиот телефон автоматски се приспособува на летно/зимско време и временска зона кога патувате. Исклучете го ова за да го поставите времето рачно
  • Постави време (Set time): допрете го ова и ќе се појави скок-прозорец. Лизгајте ги бројките нагоре и надолу за да со измените тековното време и допрете на Готово (Done) за да го поставите
  • Постави датум (Set date): допрете го ова и ќе се појави календар. Допрете ги стрелките за да видите различни месеци и допрете на некој ден за да го изберете
  • Автоматска временска зона (Automatic Time Zone): оваа поставка го менува времето врз основа на вашата тековна локација. Исклучете го за да ја поставите зоната рачно
  • Изберете временска зона (Select time zone): се појавува само кога Автоматска временска зона (Automatic Time Zone) е исклучена. Допрете го ова за да видите список со градови (cities). Изберете го градот што се наоѓа најблиску до вашата локација за да ја поставите вашата временска зона (time zone).
Можете да го поставите времето рачно, но често е полесно да го оставите телефонот да ги постави времето и временската зона автоматски преку интернет или преку мобилната мрежа. Допрете го копчето што се наоѓа до Автоматски датум и време (Automatic Date and Time) за да ја вклучите повторно оваа одлика.